(Видео) Повторно хаос во албанскиот парламент, седницата заврши предвреме поради немири

Денешната пленарна седница на Собранието на Албанија заврши порано од планираното, поради немирите кои настанаа за време на говорите на пратениците.

Имено, како што наведува порталот „Њузбомб Албанија“, претседателката на собранието Линдита Николи седницата ја затворила за 15 минути и 40 секунди поради хаосот и вревата предизвикана од исклучените опозиционери, кои оневозможиле седницата да продолжи

Како што понатаму се наведува, протести се одржуваат пред собранието, по што на седницата влегле пратеници од опозицијата и предизвикале тензии. Пред говорниците се обратил шефот на пратеничката група на ДП Газмент Барди, а според албанските медиуми, Барди се обидел да фрли непознат предмет кон премиерот Еди Рама.

Иако седницата заврши порано, пратениците од опозицијата и нивните симпатизери продолжуваат со протестите пред Собранието.

„Со незаконска наредба на пратениците од опозицијата им беше забранет влез во парламентот. Дури и против пратеници кои немаа дисциплинска мерка. Незамисливо е пратениците да мора да ги кинат кошулите и оделата за да влезат во пленарната сала“, рече Барди пред толпата.

Американски воени авиони на аеродромот во Софија

Извори на бугарскиот портал „Сега“ и објави на Фејсбук укажуваат дека на аеродромот во Софија се стационирани неколку американски...

Критики на Вучиќ на сметка на тајната служба и МВР

Во емисијата „Хит Твит“ на Пинк ТВ, српскиот претседател Александар Вучиќ упати низа обвинувања против српските безбедносни служби, а...

Разрешен заменик министерот за внатрешни на Албанија, пушел цигари на службен пат во ресторан во САД

Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Анди Махила, е разрешен од функцијата откако бил фатен како пуши цигари во...