Министерството за економија гo затвора огласот за доделување ваучер за инвертер-клими за домаќинствата поради големиот број апликации

Министерството за економија соопшти дека поради големиот број пристигнати апликации, донесена е одлука, заклучно со крајот на денешниот ден, 6.2.2024 година, до 15.30 часот, да го затвори јавниот оглас за доделување потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди во домаќинствата за 2024 година.

Граѓаните ќе може да аплицираат само за јавниот оглас за стекнување финансиска поддршка преку доделување потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за лица што спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари, информираат од ова Министерство.

Двата јавни огласи беа објавени на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година.

„Во архивата на Министерството за економија за четири дена по објавените јавни повици, пристигнати се над 9.000 апликации по јавниот оглас за доделување потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди во домаќинствата за 2024 година (директно во архивата на Министерството за економија и по пошта) за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000 домаќинства што може да добијат ваучер за инвертер клима-уред согласно предвидените средства.

За доделување ваучери за инвертер клима-уреди согласно програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари.

А за доделување ваучери за инвертер клима-уреди согласно програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година во буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари.

Односно вкупно за доделување ваучери за инвертер клима-уреди предвидени се 255.000.000 денари или 4,1 милиони евра по сите категории во двата јавни повика.

Согласно Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, беа предвидени ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари беше предвиден за лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари).

Согласно Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024, ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство, беше предвиден за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра). Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќжинствата во останатата територија на Република Северна Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион“, се истакнува во информацијата од Министерството за економија.

Бендевска со порака до збунетото СДСМ: Вашите штабови се како археолошки напуштени музеи

Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска со порака до збунетото СДСМ - се самозалажувате - вашите штабови се како археолошки...

Почина познатиот македонски кардиолог – со последно збогум се прости и министерот Таравари

Арбен Таравари, актуелниот министер за здравствона неговиот фејсбук профил објави дека починал кардиологот Агим Зеќири, негов близок пријател. „Денес сум...

Мицкоски: Македонија ќе се позиционира меѓу водечките економии во Европа

Актуелниот премиер, Христијан Мицкоски денес имаше излагање на Самитот Македонија 2025 каде што кажа: -На денешниот Самит 2025 во организација...