Одбележана 30-годишнината од масакрот на пазарот „Маркале“ во Сараево

Функционери на БиХ, Федерацијата на БиХ и округот Сараево денеска им оддадоа почит на жртвите од масакрот на 5 февруари 1994 година од страна на припадниците на војската на босанските Срби положувајќи венци и цвеќе на споменикот на пазарот „Маркале“ во Сараево.

Како што е утврдено со истрагата и пресудата на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, 68 лица загинаа, а 142 се ранети од минофрлачка граната што била лансирана од подрачјето на селото Мрковиќи.

Властите на округот Сараево го прогласија 5 февруари за ден на сеќавање на сите жртви од опсадата на Сараево, која траеше од април 1992 година до февруари 1996 година. Во тој период повеќе од 11.000 луѓе, меѓу кои 1.500 деца, загинаа во Сараево од артилериски и снајперски напади.

Критики на Вучиќ на сметка на тајната служба и МВР

Во емисијата „Хит Твит“ на Пинк ТВ, српскиот претседател Александар Вучиќ упати низа обвинувања против српските безбедносни служби, а...

Разрешен заменик министерот за внатрешни на Албанија, пушел цигари на службен пат во ресторан во САД

Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Анди Махила, е разрешен од функцијата откако бил фатен како пуши цигари во...

Македонец претставувајќи се како доктор во Хрватска собрал речиси 300.000 евра

Полицијата во Загреб ја завршила кривична истрага против 26-годишен државјанин на Северна Македонија, кого го сомничат за осум кривични...