79 години МНТ е миг што трае

Во историјата на Македонскиот народен театар, денешниот датум – 31 јануари, е мошне значаен ден.

Во тогашната 1945 година, со решението на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45), се заокружи правниот карактер на постоењето на театарот, создаден во текот на војната и револуцијата. Се заокружи она што го почнаа првите драматурзи и учители, патувачките театри и театрите на другите јазици.

Потоа продолжи со желбата и силните напори на веќе афирмираните македонски театарски дејци, кои активно се занимаваа со театар и во текот на Втората светска војна и веднаш по ослободувањето на Скопје. Со ова заокружување се оствари сонот на сите групи актери и уметници во тоа време, како и на културно-уметничката група „Кочо Рацин“ (составена од идните актери, режисери и сценографи на МНТ).

Се оствари сонот за национален македонски професионален театар предводен од тогаш поставениот директор – режисерот Димитар Ќостаров и секретарот драматург Илија Милчин (набргу примен и како актер), сонот на десетина веднаш примени актери, двајца сценографи и дваесетина сценски и административни работници. Тоа е и сонот на 80.000 жители на град Скопје, кои со среќа ја примија оваа вест преку весниците и со озарени лица ја чекаа првата премиера на нивниот/нашиот театар.

ПР текст

Ангов: На наше искрена радост Дојран Д – Фестивал е дома – со нова продукциска куќа, спремна да понуди огромен број на изведувачи...

Анго Ангов, првиот човек на Општина Дојран денес сподели една пријатна вест во која се вели: ДОЈРАН Д - ФЕСТ...

Тамара Тодевска за бившиот: Среќна сум што и јас имам партнер со кој ми е убаво и го сакам и он има партнерка која...

Тамара Тодеска со години наназад успешно опстојува на македонската музичка сцена, а ја претставуваше и нашата држава на Евровизија. На...

Македонскиот пејач се отвори: Лажевме дека сум во Австралија, тоа време бев на клиника за одвикувањер од алкохол

Поранешниот финалист на „Ѕвезда Гранда“, Александар Јосифовски, чија животна приказна го расплака неговиот ментор Ѓорѓе Давид, се отвори и...