Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец го обвини за принуден брак

Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд во австрискиот град Корнојбург, откако неговиот син го обвини за насилство. Според локалните медиуми, момчето (23) го обвинило својот татко (49) за малтретирање, уцена, принуден брак и континуирано насилство кое наводно трае од неговата 12-годишна возраст.

Обвинителот Андреа Зак во петокот на почетокот на судењето рече дека обвинетиот редовно го тепал својот син поради хомосексуалната ориентација на младиот човек. Но, адвокатот на одбраната констатира дека обвинувањата не се точни и како сведоци донесе пет членови на семејството кои дадоа исказ во корист на обвинетиот.

Ниту обвинението за принуден брак не можеше да се докаже бидејќи младиот човек во тој брак имал две деца.

Мајката на младиот човек и неговите браќа и сестри се појавија на суд и сведочеа дека во нивното семејство немало насилство. Сопругата на момчето сведочела и потврдила дека не се работи за принуден брак.

За апсурдот да биде уште поголем, наводната жртва, синот на обвинетиот, се потрудил да направи приказна, а кога се појавил пред судијата, едноставно молчел, користејќи го своето право, како член на семејството, да не сведочи.

На крајот, човекот од Босна и Херцеговина, кој беше во притвор од 14 декември, беше ослободен од сите обвиненија.

Македонец претставувајќи се како доктор во Хрватска собрал речиси 300.000 евра

Полицијата во Загреб ја завршила кривична истрага против 26-годишен државјанин на Северна Македонија, кого го сомничат за осум кривични...

Септичка јама кобна за пет лица: Голема трагедија во соседна Србија

На семејната фарма за свињи во Топола, Србија пет лица загинаа во трагедијата што се случи вчера околу 17...

Александра го роди десеттото дете на 67 години: Сите ги зачна по природен пат, па откри како изгледа нејзиниот живот

66-годишната директорка на приватниот музеј „Checkpoint Charlie“ во центарот на Берлин, Александра Хилдебрант, откри дека откако наполнила 53 години...