Во Индија се регрутира работници за Македонија: Познато на кои позиции и за кои плати

Странски работници во Македонија не е непозната тема. Во Индија е објавен конкурс во кој се нудат работни места за индиски работници кои би работеле во Македонија. Понудените плати се движат од 550 до 850 евра во зависност од видот на работните задачи.

Компанијата Jobstars India објавува конкурс во кој се нудат 7 вода на работни места во Македонија.

Според конкурсот сите работници ќе добијат бесплатно сместување и храна а платите се движат од околу 34 илјади до околу 53 илјади денари. Најмногу плата добиваат инжинери, меѓу 750 и 850 евра.

Заварувачи и возачи со Ц категорија добиваат меѓу 550 и 700 евра месечно. Од 550 до 650 евра плата ќе добијат хигиеничари, ѕидари, керамичари, ѕидари со природен камен.

Во огласот не се наведува колкав број работници се бараат. Заинтересираните треба да се јават на апликацијата WhatsApp ако сакаат да работат во Македонија.

Орбан изјави дека ЕУ се распаѓа, Унгарија да не ја врзува својата судбина со Унијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го усвои еврото бидејќи Европската Унија „се распаѓа“. Во интервју...

Калас: Трамп е во право, зависноста од руската нафта директно ја поттикнува воената машина на Путин

Еден од највисоките функционери на ЕУ изјави дека Доналд Трамп „има право“ кога ги критикува европските земји кои продолжуваат...

Туск: Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако...