(ВИДЕО) Македонија се откажа од нив како „старо железо“ а сега во Украина „воскреснаа“ и се на првата борбена линија против Русите

Како што е познато Македонија на Украина во неколку наврати и испорача помош. Како во авиони и хеликоптери, така и во тенкови и други возила, но и муниција.

Украински блогер кој на социјалната мрежа Икс постојано објавува вести за ситуацијата во Украина, објави видео на кое, како што посочува, се гледа еден од хеликоптерите „ми-24“ кои Македонија му ги донираше на Киев, како напаѓа руски цели во Донецк.

„Северномакедонски хеликоптер ми-24 и украински транспортен хеликоптер Ми-8 со ненаведувани проектили напаѓаат руски цели во регионот Донецк“, пишува блогерот.

Хеликоптерите „ми-24“ што земјава ѝ ги донираше на Украина во 2023 година, се од руско производство и беа набавени токму од Украина во 2001 година.

Одлуката за донација на хеликоптери од Армијата на Македонија за војската на Украина беше донесена на владина седница на 29 март 2023 година.

Токму овие хеликоптери беа прогласени за неупотребливи и „старо железо“, но очигледно Украинците ги репарирале и „воскреснале“ и сега се на првата борбена линија.

Орбан изјави дека ЕУ се распаѓа, Унгарија да не ја врзува својата судбина со Унијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го усвои еврото бидејќи Европската Унија „се распаѓа“. Во интервју...

Калас: Трамп е во право, зависноста од руската нафта директно ја поттикнува воената машина на Путин

Еден од највисоките функционери на ЕУ изјави дека Доналд Трамп „има право“ кога ги критикува европските земји кои продолжуваат...

Туск: Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако...