Освен што губи верници, особено во Европа, христијанството се соочува и со алармантен недостиг од свештеници. Многумина од свештениците се жалат дека немаат поддршка и нови заинтересирани млади лица за работа и дека затоа „прегоруваат“ на работа.
Британскиот синдикат на верски работници ја разбранува јавноста со остри критики за неговото раководство. Синдикалците бараат итно зголемување на платите, бидејќи, како што тврдат, повеќе од една третина од свештениците едвај врзуваат крај со крај и се принудени да бараат финансиска помош од добротворни организации, пишува магазинот Бизнис и финансии- пренесува Н1.
Бискупот Лари Дафи од епархијата Клогер во Северна Ирска покрена иницијатива да им се дозволи на католичките верници да вршат верски служби на погреби, а на неговото барање се приклучија и неколку други епархии во островската држава. Причината е недостатокот на свештеници. Епархијата Клогер има 37 парохии и 85 цркви, но само 44 свештеници и двајца ѓакони.
Тоа значи дека секој свештеник работи за најмалку две лица, а често и повеќе, за да ги исполни своите обврски кон верниците. Бискупот Дафи предупредува дека проблемот само ќе се влоши, наведувајќи обесхрабрувачка статистика дека поради намалениот интерес кај младите за свештенството, неговата епархија би можела да падне на помалку од 10 свештеници во следните петнаесет години.