(ФОТО) Се шират гласини за здравјето на Трамп: Се обидел да сокрие огромна модринка?

Американскиот претседател Доналд Трамп поттикна нови гласини за неговото здравје. Бил забележан со модринка на десната рака, која наводно се обидел да ја покрие со пудра.

Многумина набрзо почнаа да шпекулираат дека претседателот бил на инфузија поради здравствени проблеми или дека оди на тестови на крвта.

Модрината беше особено видлива кога Трамп во вторникот му го врачи трофејот на фудбалскиот тим на морнарицата.

Сепак, секретарката на Белата куќа, Каролин Левит, негираше какви било здравствени проблеми, велејќи дека Трамп ја добил модрината од – премногу ракување.

„Тој постојано работи и се ракува со луѓето. Претседателот Трамп е човек за народот, тој се ракува со повеќе луѓе секој ден од кој било друг претседател“, рече таа. Ова малку необично објаснување не беше доволно да ги замолчи гласините.

Докторката Ола Отулана зборуваше за се, велејќи дека модрината е последица на „површна траума“.

„Ова може да се случи од секојдневни работи како што се притискање на задниот дел од раката на тврда површина, повторен притисок – на пример при потпирање, па дури и од аналгезија како вадење крв“, објасни Отулана за Дејли Меил.

Орбан изјави дека ЕУ се распаѓа, Унгарија да не ја врзува својата судбина со Унијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го усвои еврото бидејќи Европската Унија „се распаѓа“. Во интервју...

Калас: Трамп е во право, зависноста од руската нафта директно ја поттикнува воената машина на Путин

Еден од највисоките функционери на ЕУ изјави дека Доналд Трамп „има право“ кога ги критикува европските земји кои продолжуваат...

Туск: Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако...