Александар Стојкоски: Радост, традиција и заедништво – Ѓорче беше срцето на денешната традиционална ревија

Градоначалник на Општшина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се огласи преку социјални мрежи каде сподели:

Радост, традиција и заедништво – Ѓорче беше срцето на денешната традиционална ревија!Како градоначалник, ми беше особена чест што Општина Ѓорче Петров денеска беше домаќин на 23. Тата Регионална Ревија на песни, музика и игри, организирана од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Во Домот на културата ги пречекавме нашите почитувани и неуморни пензионери, вистински чувари на традицијата и културното богатство. Нивната енергија, песна и игра ја исполнија салата со топлина и гордост.

Секој настап зборуваше повеќе од зборови – зборуваше за љубовта кон татковината, кон корените, и за силата на заедништвото.

Ви благодарам што го направивте Ѓорче местото каде што денеска се славеше животот. Вашиот дух е инспирација за сите генерации.
Ќе продолжиме да ја негуваме оваа традиција и да создадеме уште многу можности за дружење, култура и меѓусебна почит.

Герасимовски од Центар: Општината се води со срце

Секогаш верував дека општината се води со срце, со чесност, со добра мисла и со љубов кон луѓето. Како...

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку...

Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистea „Народен фронт“

Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување...