Ангов: На наше искрена радост Дојран Д – Фестивал е дома – со нова продукциска куќа, спремна да понуди огромен број на изведувачи и артисти за незаборавни доживувања

Анго Ангов, првиот човек на Општина Дојран денес сподели една пријатна вест во која се вели:

ДОЈРАН Д – ФЕСТ 2025!На ваше огромно барање, а на наша искрена радост – Дојран Д – Фест е дома!Од 25 до 27 јули, продолжуваме да ја пишуваме заедно 17-годишната фестивалска приказна која мириса на лето, слобода, музика, љубов и Дојран.

Повторно ќе пулсира музиката покрај езерото – со врвни изведувачи, диџеи, музичари, креативни работилници и секако, незаменливиот камп што го прави искуството потполно и незаборавно.

И покрај тоа што успешната долгогодишна соработка со претходната продукција згасна, на наше непријатно и неочекувано изненадување, сепак продолжуваме со нова продукциска куќа Визуел Продакшн, спремна да понуди огромен број на изведувачи и артисти за незаборавни доживувања!

Дојран Д – Фест асоцира на будење покрај езерото со звукот на птиците, денови поминати во прекрасната дојранска природа, под сенките на столетните јавори. Дојран Д – Фест е синоним на топли летни ноќи исполнети со музика, дружба, забава и смеа.

Ние сме подготвени!Дојран е местото каде што сè започна.Дојран е домот на Д – Фест.И годинава, прегратките на нашиот Дојран се отворени за сите вас!

Следете нè на следниве линкови https://www.facebook.com/share/16N4Hfd3Qx/ и https://www.instagram.com/dfestdojran?igsh=NXZqY21zenB1bmV6 за детални информации поврзани со фестивалот Изведувачи Влезници Камп други детали Дојран ве очекува!

Тамара Тодевска за бившиот: Среќна сум што и јас имам партнер со кој ми е убаво и го сакам и он има партнерка која...

Тамара Тодеска со години наназад успешно опстојува на македонската музичка сцена, а ја претставуваше и нашата држава на Евровизија. На...

Македонскиот пејач се отвори: Лажевме дека сум во Австралија, тоа време бев на клиника за одвикувањер од алкохол

Поранешниот финалист на „Ѕвезда Гранда“, Александар Јосифовски, чија животна приказна го расплака неговиот ментор Ѓорѓе Давид, се отвори и...

(ФОТО) Елена Ристеска во опасно издание – позираше со пиштол во рака

Една од најпознатите македонски поп пејачки, Елена Ристеска по низа години апсистнеција од македонската музичка сцена реши неодамна на...