(ФОТО) Герасимовски: По 50 години Пролет доби нова градинка

Горан Герасимовски, првиот човек на Општина Центар сподели убава вест:

-Клучот од градинката Пролет е предаден во вистинските раце, кај дечињата!

Пресреќен сум што заедно со децата ја отворивме новата градинка во населбата Пролет по 50 години.

Тука, тие ќе растат безгрижно, со многу детски насмевки, со радост, со поддршка. А ние? Ние со гордост гледаме што оставаме зад себе. Љубов, грижа и убаво детство.

Градинката Пролет ја изградивме од темел, целосно финансирана од општината, без задолжувања. Пред три години почнавме да ја градиме и еве денеска свечено ја отворивме најубавата градинка во целиот регион. 173 дечиња ќе бидат згрижени, на површина од 3.200 метри квадратни.

Пролет не е само објект, Пролет е визија. Вложување во иднината. Благодарност до сите што беа дел од процесот на реализација, а особено до директорката на градинката и нејзиниот тим за нивната посветеност, соработка и визија уште од првиот ден. Испишавме нова приказна. Нека е со среќа на сите дечиња!

Тешкаа сообраќајна несреќа во скопско – повредени осум лица

Министерството за внатрешни работи информираше за уште една сообрќајна несреќа, со поголем број повредени патници. На 11.05.2025 во 19 часот...

„Пајакот“ во Центар пуштен на најако- само минатата седмица кренал 104 возила

Популарниот „пајак“, возило во општина Центар минатата седмица имал доста работа, а бројките тоа го покажуваат. ЈП Паркинзи на Општина...

Герасимовски: По 150.000 денари за поправка на покрив и 300.000 денари за лифт

Горан Герасимовски, првиот човек на Општина Центар информираше за нов проект и јавен повик до жителите на ова општина...