Лишен од слобода убиецот во Штип, но и уште четири лица кои му помагале

Министерството за внатрешни работи, МВР утрово информираше со најнови детали за вчерашното пукање во Штип:

-Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип. На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.

Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Бендевска со порака до збунетото СДСМ: Вашите штабови се како археолошки напуштени музеи

Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска со порака до збунетото СДСМ - се самозалажувате - вашите штабови се како археолошки...

Почина познатиот македонски кардиолог – со последно збогум се прости и министерот Таравари

Арбен Таравари, актуелниот министер за здравствона неговиот фејсбук профил објави дека починал кардиологот Агим Зеќири, негов близок пријател. „Денес сум...

Мицкоски: Македонија ќе се позиционира меѓу водечките економии во Европа

Актуелниот премиер, Христијан Мицкоски денес имаше излагање на Самитот Македонија 2025 каде што кажа: -На денешниот Самит 2025 во организација...