СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Утрово СДСМ излезе со соопштение за јавност во кое што се вели:

Безбедноста во државата е целосно нарушена. Имаме убиства речиси секоја недела, и тоа пред очите на граѓаните, во најцентралните делови на градовите и маалата. Убиството во Штип е само последно во низата убиства што се случуваат јавно, пред сведоци. Луѓето стравуваат за својата безбедност кога ќе излезат во кафе-бар или ресторан.

За само 10 месеци, во Скопје имаше неколку убиства – во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари. Значително е зголемен бројот на разбојништва и кражби, сè почесто има престрелки со огнено оружје, а во два наврати беа фрлени и бомби во дворови на граѓани. Убиствата се случуваат дури и во полициски станици, како што беше случајот на Бит Пазар.

Овие податоци јасно укажуваат дека МВР и министерот Тошковски ја немаат состојбата под контрола. Уште колку убиства се потребни за тој да сфати дека не може да ја води МВР како институција?

СДСМ бара целосно расчистување на случајот и одговори на сите прашања што ќе ги поставиме јавно.

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...

(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев

Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци. МНР денеска потврди...

Заев ги отфрли обвинувањата за пари од Бугарија

Поранешниот премиер Зоран Заев по подолго време се огласи во јавноста, реагирајќи на, како што вели, „невистини, клевети и...