Тошковски на средба во Белград со Дачиќ: Продолжува и понатаму одличната соработка

Потпишан договор со Република Србија за „One Stop Shop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона.

Денеска во Белград со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го потпишавме договорот помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop Shop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Со имплементација на системот очекуваме за двојно да се забрза трансферот на луѓе, а по потпишување и ратификација на договорот ќе можеме да започнеме со тест фазата од аспект на техничко решение и се надеваме дека пред почетокот на летната сезона ќе можеме и официјално да го ставиме во функција и да го забрзаме протокот на луѓе.

Продолжува и понатаму одличната соработка со српската полиција во борба против сите видови криминал и во текот на оваа летна сезона ќе продолжи проектот за размена на полициски службеници на Србија во Охрид и македонски полициски службеници на настани коишто ќе се одржуваат во Србија.

„One Stop Shop“ системот неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце – Елез Хан, a ќе следува имплементација и со Република Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји – соседи кои не се дел од Европската Унија.

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...