Кавадарчанец со голф излетал од патот- кога дувнал во дрегерот имало што да видат полицајците

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево информираше следново:

-Приведен кавадарчанец, управувал возило со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци.

Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...