Мицкоски: Македонија ќе се позиционира меѓу водечките економии во Европа

Актуелниот премиер, Христијан Мицкоски денес имаше излагање на Самитот Македонија 2025 каде што кажа:

-На денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакнав дека првиот ден од стапување на функцијата се соочивме со многу предизвици, но испорачуваме резултати за подобар живот за граѓаните.

Во првата година ни беше приоритет стабилизацијата на државата, бидејќи институциите практично не постоеја, а државата беше во слободен пад. Наместо нереални амбиции, се фокусиравме на заздравување и враќање на системот во функционална состојба т.н. состојба нула. Денес, благодарение на таа стратегија, индикаторите покажуваат дека се движиме во вистинска насока.

Нашата економија има голем потенцијал и веќе постигнавме раст над очекувањата, наместо предвидените 1,8%, БДП порасна за 2,8%. Во последните квартали бележиме стапка над 3%, а за првиот квартал од 2025 година се очекува раст од 3,5 до 4%, што би нè позиционирало меѓу водечките економии во Европа.

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...