„Пајакот“ во Центар пуштен на најако- само минатата седмица кренал 104 возила

Популарниот „пајак“, возило во општина Центар минатата седмица имал доста работа, а бројките тоа го покажуваат.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 05.05. до 11.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар“, додаваат од ПОЦ.

Герасимовски од Центар: Општината се води со срце

Секогаш верував дека општината се води со срце, со чесност, со добра мисла и со љубов кон луѓето. Како...

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку...

Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистea „Народен фронт“

Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување...