Тешкаа сообраќајна несреќа во скопско – повредени осум лица

Министерството за внатрешни работи информираше за уште една сообрќајна несреќа, со поголем број повредени патници.

На 11.05.2025 во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат“, З.И.(54) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните сопатници Ф.И.(31), Х.Д.(54) и тројца малолетници, сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Казнети четири градилишта во Центар

Четири градилишта во Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини и загрозување на безбедноста на пешаците и сообраќајот. Издадени...

Герасимовски од Центар: Општината се води со срце

Секогаш верував дека општината се води со срце, со чесност, со добра мисла и со љубов кон луѓето. Како...

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку...