Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на својот профил на фејсбук сподели:
За многу години Света Троица! Денес, во храмот Света Троица во Долно Лисиче, на покана на мојот драг пријател отец Оливер кој воедно е и старешина во истиот, заедно со колегата Дејан Митески присуствувавме на светата Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство – г.г. Стефан.
Во Долно Лисиче овој ден е селска слава и на моја огромна чест, присуствувавме и на славскиот ручек заедно со г.г. Стефан, верниците и свештенството.
Во понеделник после Педесетница, се празнува во чест на Светиот Дух што го означува спуштањето врз Апостолите кои, добиле свети јазици за да ги учат луѓето на христијанството, ширум светот.
Овој ден е за почеток на нови, на убави нешта.Затоа, нека денес биде ден од кој ќе започне бериќет, здравје и само позитивни мисли за нашиот македонски народ.
Нека секогаш нашите цркви и манастири бидат полни, бидејќи таму сплотени, ние сме најсилни. За многу години!