Тигрите на МВР во акција: Со хеликоптер спасен живот на жена

Во два дена одново нова спасување на планина бележи билтетнот на МВР:

Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица

Денеска (09.06.2025) полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР, а по претходно добиено барање за преземање на активности во врска со спасување на повредено лице на падините на планината Јабланица, струшко, заедно со тим од САЕ „Тигар“, со хеликоптер се упатија на одредената локација за спасување на лицето.

По пристигнување на посочениот терен и прецизно лоцирање на повреденото лице истото беше безбедно евакуирано од страна на полициските службеници и транспортирано до Меѓународниот аеродром „Св. апостол Павле“ во Охрид, од каде што беше преземено од Итна медицинска помош и транспортирано за натамошно укажување на лекарска помош.

Казнети четири градилишта во Центар

Четири градилишта во Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини и загрозување на безбедноста на пешаците и сообраќајот. Издадени...

Герасимовски од Центар: Општината се води со срце

Секогаш верував дека општината се води со срце, со чесност, со добра мисла и со љубов кон луѓето. Како...

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку...