Кузеска: Срамно и дрско – народoт едвај преживува а власта ги покачува само платите на функционерите

Прес конференција имаше Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ на која што кажа:

Додека граѓаните секој ден се борат со растечки цени, инфлација и намалена куповна моќ, за Владата на Мицкоски приоритет не е животниот стандард на народот, туку личниот ќар на функционерите.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во месец мај е покачена и изнесува 3,3%.

Месечната инфлација е покачена за 1,5%, највисока во текот на 2025 година.

Тоа значи едно – животот станува сѐ поскап, а граѓаните живеат сѐ потешко. Економските политики на Мицкоски се тотален дебакл.

И наместо да преземе мерки да го заштити стандардот на граѓаните, да ги покачи платите на работниците, да ја покачи минималната плата, власта ги покачува платите на функционерите.

Одлуката веќе е објавена во Службен весник на Република Македонија.

Нема пари за плати на работниците ама има пари за поголеми плати на функцонерите од власта и тоа за 200 евра!

Ова е срамно, дрско и безобразно.

Мицкоски јавно ветуваше дека функционерските плати нема да се зголемат. Денес гледаме дека тое е уште едно едно од многуте негови лажни ветувања.

И додека народот штеди на храна, лекови и сметки, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ си тераат луксуз – со службени возила, со чартер летови, папаја, манго, а сега и со повисоки плати.

Оваа влада нема ниту план, ниту елементарна емпатија. Има само интерес за себе и за своите функционери.

СДСМ веќе предупредуваше :економијата оди надолу, инфлацијата не е под контрола и ќе продолжи да расте доколку не се спроведат мерки и закони кои ги предложивме.

Затоа денес, јавно и одговорно, бараме итна интервенција од Владата:

Конкретни мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните,

Да нема покачување на платите на функционерите,

Граѓаните заслужуваат фер држава која ги штити, а не држава на привилегирани функционери.

Венко Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, младите немаат никакви можности за подобра и светла иднина

Венко Филипче, лидерот на СДСМ порача: -Младите живеат во држава каде што партиската книшка вреди повеќе од факултетската диплома. Со...

Данела Арсовска: Во Македонија ако не си со тие на власт, ќе си чекаш некој да те убие зошто очигледно си знаат дека нема...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска сподели уште една во низа вести поврзани со дивоградбите: Запознајте го Бујар Аземи, сопственикот...

Стојанче Ангелов лут на медиумите: Ниту еден ред, ниту еден збор

Ниту еден ред, ниту еден збор.Никој не ја спомна. Во текот на вчерашниот ден но и денес до 11.00...