Стефковски: Изградено ново детско катче во Железара

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски сподели:

Во населбата Железара заврши изградбата на новото, современо детско катче – првото од вкупно пет кои се планирани за изградба во различни делови на општина Гази Баба.

Со ова продолжуваме со заложбата да обезбедиме безбедни, функционални и забавни простори за децата, таму каде што најмногу се потребни.

Современи реквизити за најмладите. Ова детско катче е опремено со најсовремени реквизити за детска забава, со што ги следиме најновите стандарди за квалитет и безбедност. Веруваме дека секое дете заслужува место за игра, дружење и развој, а токму ваквите проекти се директна инвестиција во нивната иднина.

Резултати од изминатите 4 години. Во изминатите четири години од мојот мандат, изградивме и реконструиравме вкупно 60 детски забавни катчиња низ целата општина. Тоа е доказ за нашата посветеност да не ги заборавиме најмладите жители на Гази Баба.

Гази Баба со нов лик – за сите генерации. Со секој нов проект, општина Гази Баба добива нов, модерен лик – создаден со внимание кон сите генерации.

Продолжуваме понатаму! Нови четири детски катчиња во други населени места низ општина Гази Баба се веќе во подготовка!

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...