Герасимовски: Само преку директна комуникација можеме заедно да ги менуваме работите на подобро

Горан Герасимовси, градоначалникот на Општина Центар сподели:

Караванот „Се гледаме во маало“ продолжува повторно од вторник, 24 јуни и ќе трае до 7 јули. Маалските средби се неопходни ако сакаме вистински да ги слушнеме и разбереме граѓаните.

Само преку директна комуникација можеме заедно да ги менуваме работите на подобро. Ниту еден проект не може да биде добар, ако не произлегува од вистинските потреби на центарци. Затоа средбите и работењето според нивните потреби се столб на мојата работа како градоначалник.

Ги повикувам сите центарци повторно да ни се придружат од 24 јуни, заеднички да испишеме уште една убава приказна за Центар. Маалската средба во Капиштец предвидена за 23 јуни ќе се одржи на 3 јули.

АГЕНДА
Вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот
📍Песталоци (во дворот)

Среда 25.06 од 18:30 до 20:00
📍Ул. 50 дивизија (игралиштето)

Четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот
📍Градски ѕид (ескимо пролазот)

Петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот
📍НБРМ Плочникот Маџир маало

Сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот
📍Пазарче Буњаковец

Недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот
📍Градски парк

Понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот
📍Водно (кош Тинекс)

Вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот
📍Пајко маало (филхармонија)

Среда 02.07 од 18:30 до 20:00
📍Кеј 13 Номеври, кај кафичите

Четврток 03.07 од 18:30 до 20:00 часот
📍Парк Капиштец кај спортското игралиште

Петок 04.07 од 13:45 до 15 часот
📍Крњево

Понеделник, 07.07 од 18:30 до 20:00 часот
📍Кале
#НоваПриказна
#СеГледамеВоМаало
#ОпштинаЦентар

Герасимовски од Центар: Општината се води со срце

Секогаш верував дека општината се води со срце, со чесност, со добра мисла и со љубов кон луѓето. Како...

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку...

Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистea „Народен фронт“

Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување...