Венко Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, младите немаат никакви можности за подобра и светла иднина

Венко Филипче, лидерот на СДСМ порача:

-Младите живеат во држава каде што партиската книшка вреди повеќе од факултетската диплома. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, младите немаат никакви можности за подобра и светла иднина.

На вчерашната трибина „Живеј, не преживувај“, организирана од СДММ, разговаравме за лошите политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат младите.

Оваа влада наместо да креира мерки за младите, креира долгови со кои ги задолжува идните генерации. Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на власта. Дури 50% од младите лекари и студенти заминуваат поради ниски плати и исто толку бегаат од нефункционалниот систем.

Затоа, младите како и досега ќе бидат во фокусот на нашите идни политики и програми. Нашата цел е да создадеме систем каде што младите ќе напредуваат со квалитет и идеи, а не со партиска припадност.

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...

(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев

Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци. МНР денеска потврди...

Заев ги отфрли обвинувањата за пари од Бугарија

Поранешниот премиер Зоран Заев по подолго време се огласи во јавноста, реагирајќи на, како што вели, „невистини, клевети и...