Летниот период го искористивме за поставување нови детски реквизити, кошаркарски табли, клупи и канти во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, создавајќи пријатно катче за игра и спорт за учениците и децата од околината.
Со нова опрема е збогатено и игралиштето во Мало Курило, а нови табли за баскет се поставени во населбата Пролет.
Ја обновивме опремата и на спортското игралиште кај Зеленото пазарче, како и на детското игралиште кај поранешен Јукан.
Чувајте ги овие катчиња, тоа се места наменети за игра, дружење и здрав развој на нашите деца.