Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска сподели уште една во низа вести поврзани со дивоградбите:
Запознајте го Бујар Аземи, сопственикот на НЕБЕЗБЕДНАТА зграда изградена без документација, без одобрение за градење, без проект, без платени комуналии, на 12 спрата и до сега пребројани 61 стан НЕЗАКОНСКИ ГРАДЕНИ СЕГА со обид да се легализираат прикажани ЛАЖНО ДЕКА СЕ ГРАДЕНИ ВО 2011 со документација фалсификувана од Висар Ганиу и Ејуп Адеми.
Вчера Бујар Аземи фатен како дивоградбата се обидува нелегално да ја приклучи на водоводна мрежа, а која веќе нелегално ја приклучил на струја, упати БРОЈНИ СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ за што е поднесена пријава до МВР!
Денес до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставуваме уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир, каде се инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир.
Во нормални услови и нормална држава би ги повикала институциите да реагираат веднаш за заканите и насилието од криминалциве, ама живееме во Македонија, каде ако не си со тие на власт, ќе си чекаш некој да те убие зошто очигледно си знаат дека нема никој да ги спречи!!!