Стојанче Ангелов лут на медиумите: Ниту еден ред, ниту еден збор

Ниту еден ред, ниту еден збор.Никој не ја спомна. Во текот на вчерашниот ден но и денес до 11.00 часот, во порталите не беше напишан ниту еден ред, на телевизиите не беше кажан ниту еден збор.

Ниту еден ред, ниту еден збор за една од најжестоките и најконтроверзни битки во 2001-та. Битката за Арачиново. Битка во која загинаа четири македонски синови, битка во која беа ранети десетици македонски бранители.

Битка која започна на вчерашен ден, 22 јуни 2001-та а заврши неколку дена дена подоцна откако припадниците на УЧК беа извлечени од Арачиново во климатизирани автобуси.

Вториот ден од нападот, 23 јуни 2001-та, во борбата за Арачиново бев тешко ранет. Куршумот минувајки низ моите гради го искинал долниот лобус на мојот десен бел дроб, искршил две ребра и го напуштил моето тело оставајки злокобна дупка на мојот грб. Со смртоносни рани, без третина од десниот бел дроб, со ребра заврзани со жица, осакатен, но сепак жив.
За жал не преживеаја сите. Истиот ден, 23 јуни 2001-та, загинаа:

Никола Пехчевски (25), Атанас Јанев (25) и Александар Стојчев (30) аОливер Китановски (21) беше тешко ранет, почина неколку дена подоцна. Вечна ви слава, херои македонски.

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...