Тренчевска: Без грам чувство за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани во Собрание

Пратеничката на СДСМ остро реагираше за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание. Денешната седница на Комисија за труд и социјална политика беше прекината наместо да биде ставен на дневен ред Законот за настраданите од Кочани.

„Се покажа вистинското лице на ДПМНЕ! Не дозволија да се стави точката за настраданите во пожарот во Кочани како прва точка на дневен ред на Комисија наместо да биде точка под реден број 12! А не дозволија затоа што кога дојде на дневен ред расправата по точката за настраданите во пожарот во Кочани се прекина седницата од Благица Ласовска која претседаваше со Комисијата!

Без грам чувство кон настраданите и нивните семејства Благица Ласовска, ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА за да не се расправа по предлог законот! Безобразлук! Немање основна почит кон настраданите и нивните семејства! Ете вака ДПМНЕ се грижи за настраданите и нивните семејства! Со ова ароганција ДПМНЕ покажува дека тие се грижат само за себе и за своите бизниси а не за народот!“, стои во објавата на Тренчевска.

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...