Александар Стојкоски: Безбедноста не е привилегија – таа мора да биде стандард!

Актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски сподели:

Денес, заедно со началникот на СВР Скопје, г-дин Сашо Топаловски, извршивме увид на неколку критични сообраќајни точки на територијата на Општина Ѓорче Петров.

На терен, директно идентификувавме делови каде што безбедноста на сите учесници во сообраќајот е загрозена — особено на пешаците и децата.

Договоривме конкретни мерки:

Поставување надзорни камери на ризичните локации, кои ќе можат да евидентираат прекршоци како брзо возење, незаконско престигнување, минување на црвено и друго неодговорно однесување.

Поставување на успорувачи на брзина на делови каде што граѓаните веќе имаат поднесено барања и каде што постои реална потреба. Безбедноста не е привилегија – таа мора да биде стандард!

Како градоначалник, останувам целосно посветен на создавање на безбедна и уредена средина за сите жители на Ѓорче Петров.
Продолжуваме одлучно и посветено. 👊

Казнети четири градилишта во Центар

Четири градилишта во Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини и загрозување на безбедноста на пешаците и сообраќајот. Издадени...

Герасимовски од Центар: Општината се води со срце

Секогаш верував дека општината се води со срце, со чесност, со добра мисла и со љубов кон луѓето. Како...

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку...