Започна сезоната на пожари на отворено – еден веќе прави проблем неколку дена

Извештај за пожари на отворен простор – 26.-27. 06.2025Во изминатото деноноќие во целата држава беа евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 1 е сѐ уште активен, а 26 се успешно изгаснати благодарение на навремената интервенција на надлежните служби.

Активен е еден, оној во Општина Липково: во атарот на селата Лојане и Ваксинце – опожарена ниска вегетација и нискостеблеста шума. Истиот е активен некоку дена.

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ: 26
Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација)
Општина Сарај: с. Бојане (ниска вегетација)
Општина Чаир: ул. Ферид Бајрам (ѓубриште)
Општина Студеничани: с. Љубош (ниска вегетација)
Општина Гази Баба: с. Смилковци (ниска вегетација)
Општина Карпош: ул. Влае (ниска вегетација)
Општина Сарај: езеро Треска (ниска вегетација)
Општина Арачиново: с. Грушино (ниска вегетација)
Општина Битола: ул. Херцег Нови бр.14 (ниска вегетација)
Општина Прилеп: с. Канатларци – с. Шелеверци (арско ѓубриво)
Општина Прилеп: м.в. „Маркова Чешма“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: ул. Димче Антулески (ѓубриште и ниска вегетација)
Општина Прилеп: ул. Димче Антулески бр.15 (ниска вегетација)
Општина Прилеп: стар млекар (ниска вегетација)
Општина Демир Хисар: с. Стругово (ѓубриште)
Општина Дебар: с. Спас (ниска вегетација и стрниште)
Општина Дебар: с. Кривце (ниска вегетација и стрниште)
Општина Пехчево: с. Умлена (ниска вегетација)
Општина Чешиново-Облешево: с. Уларци (ниска вегетација и ѓубре)
Општина Куманово: Индустриска зона (ниска вегетација)
Општина Куманово: с. Клешовце – с. Довезенце (ниска вегетација, жито, лозја)
Општина Велес: с. Оризари и с. Клуковрт (депонија)
Општина Велес: ул. Вардарска (ѓубриште)
Општина Желино: Карпалак (ниска вегетација)
Општина Гостивар: ул. Ивеком (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод: с. Модришта (ниска вегетација – ѓубриште)

Центарот за управување со кризи продолжува со внимателно следење на состојбите и координација со сите надлежни институции. Апелираме до граѓаните за внимателно и одговорно однесување на отворен простор.

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...

(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев

Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци. МНР денеска потврди...

Заев ги отфрли обвинувањата за пари од Бугарија

Поранешниот премиер Зоран Заев по подолго време се огласи во јавноста, реагирајќи на, како што вели, „невистини, клевети и...