Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода која се спомнува и како можен кандидат за иден татко на Скопје се огласи:
Денес нѐ обединува една голема годишнина. 70 години постоење на Општина Кисела Вода – најстарата скопска општина, чија историја е испишана низ трудот, визијата и промените кои го обликувале нејзиниот инфраструктурен, социјален и урбан лик.
Некогаш, во рамките на оваа општина функционираа и пет други денешни самостојни општини. Јадрото на таа силна административна целина е токму денешната Кисела Вода, која во последните неколку години прерасна во пример за ефикасно, отчетно и плански водено управување, со јасни приоритети и реални резултати.
Во оваа сала денес се среќаваат различни генерации – луѓе кои на различни начини биле дел од општинскиот развој низ годините. Дел како носители на одлуки, дел како административна поддршка, дел како активни граѓани. Секој оставил свој придонес во времето кога имал можност и одговорност.
Им благодарам на сите – од првите административци, советници и градоначалници, до денешните носители на функција и служби кои секојдневно работат во интерес на граѓаните. Ова е заеднички јубилеј на сите кои придонесувале и придонесуваат за Кисела Вода да биде подобро место за живеење.
Оваа годишнина е наше заедничко обележување е и наше, и ваше, и на сите граѓани!Почитувани,Изминатите три и пол години ја претворија Кисела Вода во симбол на сериозен напредок.
Ја имав и имам честа да бидам на чело на овој процес во кој од првиот ден, со јасна визија и чесна намера, тргнавме да ставиме сѐ на свое место.
Тоа не беше само слоган, туку и наш патоказ. И затоа денес можеме со гордост да зборуваме за резултатите.Сакам искрено да се заблагодарам на сите советници. И од власта и од опозицијата.
Тие покажаа конструктивност и политичка зрелост кога се работеше за интересите на граѓаните. Да се заблагодарам и на Претседателот на Советот, како и на сите компании, поддржувачи и општествено одговорни лица кои застанаа зад секоја добра идеја. Да се заблагодарам на јавните личности од кои секогаш ја имав поддршката!
Но најголемата благодарност оди до вас, жителите на Кисела Вода. Без вас, без вашата поддршка, критика, предлози и доверба, ништо од ова немаше да биде можно. Вие сте најважната алка во синџирот на успехот. Вие сте причината зошто го работиме ова со срце, со елан и со визија.
Ставивме ред.Поставивме основа за одговорно управување. Сè е на свое место. Но ова не е крајот на патот, туку само увертира за она што следи. Зошто кога знаеш каде одиш, кога имаш визија и поддршка, тогаш е јасно – НАЈДОБРОТО ДОПРВА ДОАЃА! Најдоброто за сите!