Јакимовски: Оваа година издвоивме 300.000 денари од буџетот на локалната самоуправа за нашите најмали

Традиционално, како и секоја година, така и оваа,градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, им додели дидактички материјали и учебни помагала на четирите градинки, кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.

Како што истакна првиот човек на Општината, овие материјали се квалитетно изработени, еколошки и иновативни, со што ќе се овозможи значително подобрување на психомоторниот развој на дечињата кои се воспитуваат и образоваат во детските установи во Карпош.

-Оваа година, издвоивме 300.000 денари од буџетот на локалната самоуправа, да купиме дидактички материјали за нашите најмали жители, и како и секоја година, така и во иднина, планираме да ја продолжиме оваа убава традиција. На тој начин, ќе ги збогатиме сите градинки во нашата Општина со нивните клонови, со навистина потребен број на вакви ефикасни и еколошки учебни материјали, со што на дечињата ќе им овозможиме пријатен престој, но и психофизички развој, преку креативни и иновативни соодветни детски образовни помагала, нагласи градоначалникот Јакимовски.

Директорката на градинката „Орце Николов“, Надица Гировска , од името на сите директорки од градинките на територијата на Општина Карпош, му се заблагодари на градоначалникот за иницијативноста за доделување на ваков вид на дидактички материјали, бидејќи како што истакна, навистина истите придонесуваат за правилен детски развој и пријатен престој во градинките на најмалите карпошани .

Герасимовски: Приоритет е безбедноста на граѓаните и заштитата на природата

 Општина Центар, со цистерна и вработени од ПОЦ, се вклучи во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево. Дeјствуваме координирано и...

Герасимовски: Среќен сум што после децении чекање, „Работнички“ есенва ќе биде во ново и модерно руво

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар продолжи со дружбата и средбата со граѓаните. Позитивни се реакциите од граѓаните за реконструкцијата...

Ѓорѓиевски: Најдоброто допрва доаѓа – најдоброто за сите

Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода која се спомнува и како можен кандидат за иден татко на Скопје се...