Деветгодишно девојче од Македонија се удави во река во Италија

Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”.

– Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се лизнала и паднала во реката и исчезнала веднаш, повлечена од водната струја, пишува весникот.

Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче околу 18:30 часот, заробено меѓу камења.

Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко сочувство и подготвеност да му помогнат на семејството на секој начин.

(ФОТО) Се шират гласини за здравјето на Трамп: Се обидел да сокрие огромна модринка?

Американскиот претседател Доналд Трамп поттикна нови гласини за неговото здравје. Бил забележан со модринка на десната рака, која наводно...

(ФОТО) Словачката полиција уапси 30-годишна Македонка: За 4000 евра правела лажни документи работници во Германија и други ЕУ држави

Националната единица за борба против илегална миграција на Словачка информираше дека е спроведена акција за случај на организиран шверц...

(ВИДЕО) Пакистанецот кој научи македонски јазик сака да се пресели Македонија: Тука во Пакистан е катастрога, ве молам направете ми виза, сакам да работам...

Пакистанец многу ја сака Македонија и научил да зборува македонски со помош на ТикТок. Корисникот „siper252isback“ секое свое видео го...