Мицкоски: Денес го пуштивме во употреба експресниот пат Фариш – Дреново

Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ се огласи:

Денес го пуштивме во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра – проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење за Кавадарци, за Прилеп, за Битола, за Ресен.

Овие пари, како во минатото не завршија во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери, фиктивни договори. Туку се тука, пред вас.

Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела. Граѓаните имаат очекувања. И ние нема да ги изневериме. Кога велиме „Ги градиме темелите на промените“, тоа не се празни зборови. Тоа се патишта како овој, тоа се училиштата кои ги обновуваме, болниците што ги реконструираме.

Тоа е новата економија, новата индустрија, новите работни места што ги отвораме.И тоа е новото време – време на одговорност, време на изградба. Доаѓа времето на Македонија!

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...