Rадовишанка со 2.23 промили предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото

Министерството за внатрешни работи утрово информираше за немил настан во кој се вели:

Приведена радовишанка, возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот
На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш.

Taa на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта. Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, а по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...