СоцНет Медија: Масовни полициски контроли на Малта поради мигранти без документи

Малтешката влада, под притисок од јавноста и зголемениот прилив на мигранти без документи, воведе масовни полициски контроли на патиштата – сите возила и патници се проверуваат за регулиран престој и работни дозволи.

-Денеска северниот дел на Малта беше комплетно блокиран од малтешката полиција и ЛЕСА, поради вонредна контрола на сите возила (и приватни и јавни превозни средства), во акцијата за намалување на нелегалниот престој во државата, во откривањето на луѓе без регулирани документи и без работни дозволи.
Ова веќе станува скоро редовен процес наутро, со детална контрола на малтешките патишта посебно на позицијата кај Салини, Бурмарад и околу Марса.

Без исклучок, се проверуваат сите моторни возила по цена и на застој во сообраќајот, а полициската контрола ја има дури и во автобусите внатре, кога од патник на патник, поедничено, им се проверуваат личните документи.
Ова е нов пристап на владата која се соочува со преголемиот наплив на емигранти од азиските земји и е под голем притисок на јавноста за создадениот хаос со работна сила која скоро без никаква контрола се населува на островот.

Орбан изјави дека ЕУ се распаѓа, Унгарија да не ја врзува својата судбина со Унијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го усвои еврото бидејќи Европската Унија „се распаѓа“. Во интервју...

Калас: Трамп е во право, зависноста од руската нафта директно ја поттикнува воената машина на Путин

Еден од највисоките функционери на ЕУ изјави дека Доналд Трамп „има право“ кога ги критикува европските земји кои продолжуваат...

Туск: Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако...