Туск: Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор и летаат без дозвола над територијата на Полска.

– Сакам да бидам многу јасен: без дискусии ќе донесуваме одлуки за соборување… Тука нема за што да се дискутира, им рече Туск на новинарите во Шераковице во Померанијанското војводство.

Сепак, тој предупреди дека во нејасни ситуации треба добро да се размисли пред да се донесе одлука. Како пример, наведе дека минатата недела два руски МИГ-а ниско прелетале над полската нафтена платформа Петробалтик на Балтичкото Море, го нарушиле ветото за летање над платформата, но не го повредиле воздушниот простор на Полска.

Во таков случај, „мораме да се консултираме со сојузниците“, рече Туск, бидејќи „Полска мора да биде стопроцентно сигурна дека и нејзините сојузници гледаат исто“ на конкретниот случај, за „да не бидеме сами ако конфликтот ескалира“.

Тој рече дека продолжува потрагата по остатоците од руските дронови кои во ноќта на 10 септември навлегле длабоко во воздушниот простор на Полска. Туск додаде дека „Русите не кажале колку ги имало“, а досега е утврдено дека ниту еден од пронајдените не бил вооружен, па не можел да предизвика штета.

Орбан изјави дека ЕУ се распаѓа, Унгарија да не ја врзува својата судбина со Унијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го усвои еврото бидејќи Европската Унија „се распаѓа“. Во интервју...

Калас: Трамп е во право, зависноста од руската нафта директно ја поттикнува воената машина на Путин

Еден од највисоките функционери на ЕУ изјави дека Доналд Трамп „има право“ кога ги критикува европските земји кои продолжуваат...

СоцНет Медија: Масовни полициски контроли на Малта поради мигранти без документи

Малтешката влада, под притисок од јавноста и зголемениот прилив на мигранти без документи, воведе масовни полициски контроли на патиштата...