Стапуваат на сила казните, 40 евра за пешак со телефон, 50 евра за тротинет на пешачки

Од денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот – секој што ќе преминува пешачки со мобилен телефон или ќе вози тротинет преку обележан премин ризикува парична казна.

Пешак кој ќе се движи со телефон на уво или во рака при преминување на коловоз или велосипедска патека ќе плати 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред, казната изнесува 50 евра.

Со законските измени, пешаците се должни да се движат внимателно и без уреди кои го одвлекуваат вниманието при минување преку улица.

Од почетокот на наредната година следуваат уште построги санкции за возачите – за минување на црвено светло и за непрописно паркирање. Контролата ќе се врши преку камерите на проектот „Сејф сити“.

Практиката не е новина во Европа – во Франција за возење тротинет по тротоар се плаќа 135 евра, во Литванија пешак со телефон на премин казна до 40 евра, а во Данска дури и до 140 евра.

Со овие измени, Македонија се вбројува меѓу балканските држави со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети.

Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233...

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...