spot_img

Заев ги отфрли обвинувањата за пари од Бугарија

Поранешниот премиер Зоран Заев по подолго време се огласи во јавноста, реагирајќи на, како што вели, „невистини, клевети и навреди“ изнесени од актуелниот премиер Христијан Мицкоски.

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата што му ја нанесува на целиот систем и на државата. Неспособноста да испорача макар и еден резултат во која било сфера, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност, ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ја повлече и државата со себе во таа провалија“, изјави Заев.

Тој најостро ги отфрли, како што рече, „лажните обвинувања“ на Мицкоски дека примал пари од поранешен бугарски премиер.

„Категорично ги отфрлам лагите и клеветите за наводни ‘куферчиња со пари’ како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието од неговите неуспеси кон измислици“, изјави Заев, додавајќи со иронија дека „вистинските експерти за куфери со пари се неговите финансиери“.

„Ги видовме на снимките што сами си ги објавија – оние што му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, несудени бугарски конзули и осудени криминалци кои се бранат од слобода, пуштени само за да ја напаѓаат опозицијата“, порача Заев.

Ова е прво јавно обраќање на поранешниот премиер по подолг период на медиумска тишина, и доаѓа во време на зголемени политички тензии меѓу власта и опозицијата.

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...

(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев

Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци. МНР денеска потврди...

Не е завршена постапката за Кочани, се води предистрага за УЈП и други институции поврзани со „Пулс“, уверува државниот обвинител Коцевски

Oбвинителство води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции за десетина кривични...
spot_img