spot_img

Герасимовски од Центар: Општината се води со срце

Секогаш верував дека општината се води со срце, со чесност, со добра мисла и со љубов кон луѓето. Како градоначалник, се водев од најосновните човечки вредности, да бидам достапен, да слушам, да обединувам и да работам за сите, без исклучок. Да не мислам на себе, туку на граѓаните. Да работам одговорно, чесно и со целосен отчет пред сите вас. Денес, со гордост можам да кажам дека Центар е нова приказна!
Во изминативе четири години, заедно направивме вистинска трансформација. Ја изградивме најубавата и најмодерна градинка во државата, ги реконструиравме сите училишта, воведовме униформи, а сега обезбедуваме и бесплатни здрави оброци и екскурзии за учениците. Градиме нова градинка, дом за стари лица, два нови затворени базени, спортски игралишта, паркови. Модернизираме уште 30 улици и обезбедуваме 1000 нови паркинг места.

Центар денес е општина на вредности, ред и почит. Во време кога другите се дават во кавги и обвинувања, ние решивме да бидеме различни. Да не се натпреваруваме во негативност, туку во резултати. Со нова опрема и со нашите вредни хигиеничари го исчистивме Центар и покажавме дека кога има волја, има и решение. Успеавме да креираме вистинска центарска политичка и граѓанска култура, едно вистинско граѓанско движење и дух. Бидејќи луѓето, граѓаните, нивните мали, но огромни во исто време, приказни и успеси се најважни за нас, за нашата нова вистинска приказна.

Ова е борба за достоинството, за работливите, за чесните, за сите граѓани кои го сакаат Центар. Ова е борба за прогресивното, за културното, за почитување на традиционалното, за уважување на човекот на вистински начин! Заедно постигнавме многу, но нѐ чека уште многу работа! Точно знаеме што, како, со кого, на кој начин. Имаме одличен тим и експерти, со памет, со работа, со чесност и со љубов. Продолжуваме со граѓаните заедно, за голема победа, за Центар што го сакаме!
#5

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку...

Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистea „Народен фронт“

Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување...

Шамар за скопјани: ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите на Дрисла. После...
spot_img