spot_img

Филмска потера во Скопје по џип со затвореници, полицијата испукала и предупредувачки куршуми

Во Скопје синоќа полицијата се обидувала да запре џип „ренџ ровер“ кој што бегал и не застанал на неколку повици.

Бркотницата завршила на патот кон населеното место Идризово, каде што полициските службеници успеале да го запрат џипот. Во брканицата, полицијата испукала и неколку предупредувачки истрели во воздух. Во џипот биле осуденици кои биле на отпуст од затворот Идризово.

„На 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода“ соопшти МВР.

Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија.

Кога полициските службеници се обиделе да го престигнат „ренџ ровер-от“, возачот во два наврати удрил во полициското возило.

Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но џипот не застанал туку продолжил да се движи и во близина на Нова Колонија излетал од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се уапсени и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Герасимовски од Центар: Општината се води со срце

Секогаш верував дека општината се води со срце, со чесност, со добра мисла и со љубов кон луѓето. Како...

Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистea „Народен фронт“

Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување...

Шамар за скопјани: ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите на Дрисла. После...
spot_img