Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар – Чегране

Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 кој води од Гостивар кон село Чегране.

Поради ситуацијата, како што информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон Форино.

Кај село Станча поради паднато дрво непрооден и блокиран е патот кон селото Герман, се вели во утринскиот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата до 6:30 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“, Граничен премин „Делчево“, Страцин и на Пониква, кои во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Оттаму потсетуваат дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

ЈП Национални шуми, ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво

Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор...

Драма во Скопје: Уценувал бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради...

(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев

Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци. МНР денеска потврди...