Нацоски: Трпчески на нозе го крена Милано

Вчера, македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Милано, а нашиот оперски пејач Благој Нацоски за него напиша дека Милано бил кренат на нозе.

„Што да ви кажам, Симон, вечерва, со својот концерт, на нозе го крена Милано🤩“, напиша Нацоски во својата објава на „Фејсбук“.

Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари во светот. Во 2011 Трпчески станува прв носител на титулата национален уметник на Република Македонија.

79 години МНТ е миг што трае

Во историјата на Македонскиот народен театар, денешниот датум – 31 јануари, е мошне значаен ден. Во тогашната 1945 година, со...

Промоција на нова книга на Милчо Манчевски и целовечерен мултимедијален настан

Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“, ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална...

Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“

На 03 февруари, сабота, со почеток во 12 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Чичко маестро Џамбаз –...