Драма на Крит: 18-годишно момче го обвини својот кум дека го силувал од 9-годишна возраст

18-годишно момче од Ираклион на Крит го пријавил својот кум (50) во полиција дека го силувал од девет до дванаесет години.

Полицијата извесно време го истражувала овој случај, а по прибирање докази уапсила 50-годишен маж.

Според сомнежите на полицијата, кумот под изговор дека „го учи музика“ успеал да остане сам со момчето.

Неименуваниот млад човек се пожалил во полиција дека неговиот кум, кој го познава цел живот, неверојатно го мачел кога имал неполни девет години.

Тинејџерот со години верувал дека тој предизвикал такво однесување, поради што му била дадена психолошка поддршка за да ги надмине бариерите и да стане посилен.

Кога нашол сила да признае се, го пријавил кумот во полиција.

Родителите на 18-годишното момче останале во шок откако слушнале дека нивниот син бил малтретиран од човек на кој слепо му верувале.

Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми

Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва. Уловите на сина ајкула од...

Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер

Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата...

Судир на два воза во Србија: има повредени

Судир меѓу возови се случил во тунел во близина на Белград. Како што пренесуваат српските медиуми се судриле патнички...